80 милиони евра за земјоделците со ИПАРД 2, повеќе пречки за искористување
Недоволниот пристап до почетен капитал, деталните урбанистички планови и обемната документација за аплицирање се клучните причини поради кои земјоделците не можат да аплицираат за ИПАРД програмата. Според надлежните, значајно е искористувањето на ИПАРД 2 програмата која до 2023 година на земјава ѝ овозможува да повлече 80 милиони евра...

Недоволниот пристап до почетен капитал, деталните урбанистички планови и обемната документација- ова се главните пречки за поголема искористеност на европските пари од ИПАРД 2 програмата, укажува Федерацијата на фармери. До 2023-та година, земјоделците ќе можат да искористат околу 80 милиони евра.
Надлежните посочуваат дека европските пари се неопходни за модернизација на македонскиот аграрен и рурален сектор, за подигнување на квалитетот и на конкурентноста.
Според првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, формирањето на Гарантниот фонд е чекор напред кон поголема искористеност на средствата од ИПАРД програмата.
За ИПАРД 1 програмата беа објавени 12 повици, а доставени над 3.000 барања. Исплатени се повеќе од 16 милиони евра.
Дијана Ценевска
