Договорени насоките за младинските политики

20.03.2018 16:29

Носење одлуки и политики со учество на младите, решавање на проблемите, создавање нови можности. Владата и невладините на тематска седница за подобрување на животот на младите. Формирани работни групи. Со 16,5 милиони евра ќе се поттикнува вработеноста на оваа категорија. Се подготвува и нов закон...

Владата и невладините организации ги договорија насоките по кои ќе се движи развојот на младинските политики. Целта е креирање модерно и напредно општество каде што младите ќе имаат суштинска улога, велат надлежните.

Премиерот Заев по тематската седница најави јавни дебати за содржината за Законот за млади, а ќе се формираат и работни групи за сите младински прашања. Повеќе пари ќе се одвојат за нивно вработување. Со 660 милиони денари ќе се унапредува студентскиот стандард, за капитални инвестиции во образованието ќе се вложат речиси 2 милијарди денари.

Младинските организации задоволни што имаат можност да учествуваат во креирањето на политиките. На денешната седница ги презентирале нивните забелешки и предлози. Дел од барањата- поголеми права за средношколците, реформирње на Студентскиот парламент при УКИМ и формирање на Локални младински совети.

Од Владата очекуваат дека младинската политика ќе резултира со подобрување на животот на младите. Премиерот Заев упати отворен повик до младите да останат буден коректив на власта и да учествуваат со своите идеи и предлози.

 

Викторија Милевска