Заев: И Македонија испрати нацрт-спогодба во Атина
Спогодбата е пристигната, како што и нашата е испратена како верзија, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека грчката нацрт-спогодба е пристигната во Скопје, како што и македонската е испратена во Атина.
Тоа, според него, треба да биде алатка која може да помогне, а не да одмогне на процесот на подготовка на преговорите што ќе продолжат во Виена на 30 март
Не би навлегувал во деталите. Министерот Никола Димитров попладнево ќе даде одговор на сите прашања. Спогодбата е пристигната, како што и нашата е испратена како верзија, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
За посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, рече дека станува збор за возвратна посета.
