Продолжува судењето за случајот „Тенк“
21.03.2018 10:40
Во овој случај на СЈО, обвиенти се поранешниот премиер Груевски, на ексминистерка за внатрешни работи Јанкулоска и на поранешниот помошник- министер во МВР, Поповски.

Во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за случајот „Тенк“, односно за набавката на луксузниот Мерцедес. Во овој случај обвиенти се поранешниот премиер Груевски, на ексминистерка за внатрешни работи Јанкулоска и на поранешниот помошник- министер во МВР, Поповски.
На минатото судење се сослушуваа сведоци на Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите во случајот „Тенк“ рекоа дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.
