Притвор за 46-годишно лице што изврши полов напад врз малолетно девојче
На 16-ти месецов, околу 20 часот, осомничениот дошол на гости кај соседите, кога родителите на детето не биле дома. Со намера да ги задоволи половите страсти, извршил полово дејствие над девојчето, заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.

По наредба на Основното јавно обвинителство- Кочани, поведена е истражна постапка против 46- годишно лице, под сомнение за сторено кривично дело- полов напад врз малолетно девојче.
Заработи 30- дневен притвор, имајќи ја во предвид тежината на делото, опасноста од бегство и дека осомничениот може да вијае врз сведоците и вештаците, за да ја попречува кривичната постапка, информираат од Обвинителството.
На 16-ти месецов, околу 20 часот, осомничениот дошол на гости кај соседите, кога родителите на детето не биле дома. Со намера да ги задоволи половите страсти, извршил полово дејствие над девојчето, заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.
За вакво кривично дело е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.
