ВМРО-ДПМНЕ: Судот и Обвинителството да престанат да работат по партиски директиви

21.03.2018 11:31

Јавноста, вклучувајќи ги и најверните симпатизери на СДСМ гледаат како Зоран Заев ја распродава и уништува државата. Гневот меѓу граѓаните секојдневно расте, стои во дописот на партијата...

СДСМ шверцерски и неуставно се обиде да го протне Законот за двојазичност, а сега на истиот начин се обидува да протне и промена на нашето име, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста, вклучувајќи ги и најверните симпатизери на СДСМ гледаат како Зоран Заев ја распродава и уништува државата. Гневот меѓу граѓаните секојдневно расте, стои во дописот.

Според опозициската партија, затоа на Зоран Заев му е потребна помош од обвинителството и судот кои под притисок на власта мора да коструираат политички случаи.

Обвинителството мора да почне професионално да работи и наместо да ги расчистува сметките на Заев со неговите политички противници, да се справи со напливот на криминал кој дојде заедно со оваа власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.