Телефонски разговор Трамп- Путин

21.03.2018 11:39

Кремљ посочи дека Трамп му ја честитал победата на Путин на претседателските избори што се одржаа пред два дена.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот колега Владимир Путин, но Белата куќа без дополнителни детали за што конкретно станало збор.

Кремљ посочи дека Трамп му ја честитал победата на Путин на претседателските избори што се одржаа пред два дена.

Трамп и Путин покажале интерес за зголемување на економската соработка и потенцирале дека треба да работат на намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров преку дипломатски средства, а дискутирале и за ситуацијата во Сирија и во Украина, соопштија од Кремљ.