Адам Загајевски од Полска добитник на „Златен венец“ на СВП

21.03.2018 12:13

Загајевски е најпознатото име во светот на поезијата од Полска...

На Светскиот ден на поезијата претставен годинешниот лауреат- добитник на Златен Венец на Струшките вечери на поезијата, Адам Загајевски од Полска. Со тоа беше најавено 57-то издание на Струшките вечери на поезијата.

„Светот на неговата поезија неизбежно се врзува и со некои наши општествени дилеми, особено со присутноста на минатото во сегашноста и емотивните состојби на личноста, во свет кој е меѓу реалноста и сонoт“, изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Загајевски е најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија.