Остин

Се самоуби осомничениот за нападите во Тексас

21.03.2018 13:02

Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет- бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.

Човекот осомничен за серијата бомбашки напади во Тексас се разнел активирајќи екплозивна направа во својот автомобил, соопшти полицијата во Остин. Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет- бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.

Американските власти објавија вчера дека се сомневаат оти бомбата што експлодира во магацин на „Федекс“ во Тексас е поврзана со низата експлозии во таа сојузна држава.

Вчерашната беше петта експлозија на бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа две лица, а четири беа повредени.