Направена предлог распределба на вработените по Рамковен договор

21.03.2018 13:11

Списокот на 1.600 лица што не одат на работа, а земаат плата, следната недела на владина седница.

Вработените во јавната администрација по Рамковен распределени на работни позиции. Списокот на 1.600 лица што не одат на работа, а земаат плата, следната недела на владина седница.

Предлог распределбата следната недела треба да помине на седница на Владата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања, по дебатата за предизвиците на реформата на администрацијата, во организација на СИГМА.

Според Манчевски, никој од вработените по овој основ не го одбиле понуденото работно место, иако, како што изјави тој неодамна, има опција за такво нешто по што може да бидат ставено на трансфер листа за ангажман во друга работна организација.

Европските експерти со пониски оценки за работата на административците лани, споредено со 2016-та.