Прилеп

Љубов и грижа за децата со Даунов синдром

21.03.2018 14:05

Во Прилеп одбележан Светскиот ден на децата со Даунов синдром. Во прилепското училиште „Климент Охридски“ во вообичаените и посебните паралелки учат шест деца со Даунов синдром. Програмата, велат наставниците- дефектолози треба да се приспособува, а родителите нагласуваат- најбитна е љубовта која треба да се брои, а не хромозомите...

Прилепчанката Мира Митреска е старател на дете со Даунов синдром. Кај неа е 10 години, од бебе. Сега е втоеро одделение во посебна паралелка во прилепското училиште „Климент Охридски“. Има голем напредок по секојдневната грижа. Но, најбитна е, вели, љубовта која се дарува, зашто- само љубовта се брои, а не хромозомите.

Во Прилеп се школуваат шест деца со Даунов синдром, од кои три во посебната паралелка. Главен акцент е ставен на подобрувањето на моториката, описменувањето. Работат според програма од Бирото за образоваие, но треба нејзино приспособување.

Денешниот Светски ден на децата со Даунов синдром повод за акција на Детската амбасада за сите деца во светот. Се изработија украси. Во поддршката на децата со Даунов синдром се вклучи и прилепската локална самоуправа.

 

Елизабета Митреска