Струшки вечери на поезијата

„Златен венец“ за Адам Загајевски

21.03.2018 14:14

На Светскиот ден на поезијата претставен годинешниот лауреат- добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Адам Загајевски од Полска. Со тоа беше најавено 57-то издание на Струшките вечери на поезијата. Загајевски е најпознатото име во светот на поезијата од Полска, заедно со Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија...

Адам Загајевски од Полска е годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Високото признание на 73- годишниот лауреат ќе му биде врачено на 57- то издание на најстариот поетски фестивал.

Во своето писмо, Загајевски наведува оти поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека немаат и сосема обични човечки емоции. Вели, за него наградата претставува огромна чест, бидејќи отсега ќе биде меѓу многуте поети на кои им се воодушевува, но за кои смета и оти не им е достоен.

Министерот за култура Алаѓозовски, рече дека лауреатот доаѓа од пријателската Полска, земја со која имаме долга и одлична традиција во културната соработка.

Загајевски едногласно бил избран за годинашен лауреат. Тој е еден од водечките гласови во современата светска литература.

 

Александра Спировска