Преку блок трансакција продадени 298.003 акции на Комерцијална банка
Купувачи на продадените акции се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ- Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје...

Во блок трансакција денеска на Берзата истргувани се 298.003 акции издадени од Комерцијална банка- АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, соопштија денеска од банката.
Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076 отсто учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, наведуваат во соопштението.
Купувачи на продадените акции се Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ- Трејд Илија ДОО и Индустри Сервис ДОО Скопје
Секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од пет отсто акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.
