Да се формираат сервиси за поддршка на лицата со Даунов синдром
Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со Даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен...

Македонија е назад во нудењето сервиси и можности за лицата со Даунов синдром, велат од Центарот за Даунов синдром. Бараат да се формира сервис кој ќе биде медицинска и психолошка поддршка на лицата со Даунов синдром.
„Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со Даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Сѐ уште постои голема потреба од системски решенија. Сѐ уште нема податоци за бројот на лица со Даунов синдром“, рече претседателот и основач на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон.
По повод одбележувањето на Светскиот ден во Кинотеката на Македонија со балетски перформанс ќе настапат деца со Даунов синдром кои работеле со своите балетски педагози.
