Груевски: Случаите на СЈО- дефокусирање на јавноста
Поранешниот премиер тврди дека Владата води политичка хајка и сака со вакви случаи да ја дефокусира јавноста од плановите за промена на името и за воведување двојазичност...

Поранешниот премиер Груевски ги отфрла обвинувањата на Специјалното обвинителство за вмешаност во случаите „Попис“ и „Актор“. Тврди дека Владата води политичка хајка и сака со вакви случаи да ја дефокусира јавноста од плановите за промена на името и за воведување двојазичност.
„Ние сме имале многу разговори, веројатно сме имале разговори и за пописот, сме биле загрижени за сето тоа што се случува, но ние не ги носиме одлуките за тоа, ниту сме се договориле. Одлуките си ги носат државните органи, односно државната комисија, и сум цврсто убеден, сеќавајќи се дека имаше многу проблеми, дека таа државна комисија донела правилна одлука“, изјави Груевски.
