Метео: Од утре заладување и снег

21.03.2018 15:22

Утре во Македонија се очекува облачно и студено време со врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Само во југоисточните делови се очекуваат врнежи од дожд...

Под влијание на студена воздушна маса утре во Македонија се очекува облачно и студено време со врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Само во југоисточните делови се очекуваат врнежи од дожд.

Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. На повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје дневната температура се очекува да достигне само до 1 степен, а максималната на југоистокот до 6 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска