Тајланд-премиерката Шинаватра го напуштила Бангкок

24.02.2014 13:20

Тајландската премиерка Јинглук Шинаватра го напуштила Бангкок и се наоѓа во околината на околу 150 километри оддалеченост. Ова го соопштиле од нејзиниот кабинет, но не и точно каде се наоѓа. Последен пат е видена пред една недела. Таа во вторник би требало да ја води владината седница, а министерот за надворешни работи изјавил дека е можен состанок надвор од Бангкок. Во  четврток би требало да се појави на судско рочиште за корупција. На политичката криза во Тајланд не и се наѕира крај, а војската овој пат нема да се меша.

Тајландската премиерка Јинглук Шинаватра го напуштила Бангкок и се наоѓа во околината на околу 150 километри оддалеченост. Ова го соопштиле од нејзиниот кабинет, но не и точно каде се наоѓа. Последен пат е видена пред една недела. Таа во вторник би требало да ја води владината седница, а министерот за надворешни работи изјавил дека е можен состанок надвор од Бангкок. Во  четврток би требало да се појави на судско рочиште за корупција. На политичката криза во Тајланд не и се наѕира крај, а војската овој пат нема да се меша. Народот бара да замине од должност поради преголемото влијание на нејзиниот брат Таксин Шинаватра. Од ноември минатата година кога почнаа протестите загинале 20 луѓе, меѓу кои вчера и две деца.

Соња Стојановска