Потребни се системски решенија за лицата со Даунов синдром
Да се формираат сервиси што ќе им понудат медицинска и психолошка поддршка на лицата со Даунов синдром, бараат од надлежниот центар. На Светскиот ден порака- потребни се системски решенија. Сѐ уште нема точни податоци за бројот на оние кои живеаат со овој синдром...

Сѐ уште е недоволен бројот на системски решенија за поддршка на лицата со Даунов синдром, велат од Центарот. Очекуваат во наредниот период да се отворат сервиси за медицинска и психолошка поддршка кои ќе помогнат во социјализирањето. Според претседателката Ида Мантон, во другите држави овие лица завршуваат факултети, се вработуваат и живеат самостојно.
Во земјава пак, сѐ уште нема податоци колкав е бројот на лица со Даунов синдром. Кристина Ничовска е мајка на дете со Даунов синдром, вели дека недостига стручната работа.
По повод одбележувањето на Светскиот ден, со балетски перформанс „И јас можам да бидам балерина“ настап на децата со Даунов синдром кои работеле со своите балетски педагози.
Дијана Ценевска
