Протести за случајот „Алмир“
Протест пред Владата и пред судот за случајот „Алмир“. Демонстрантите порачаа- без правда, нема мир. Обвинија судии и обвинители за корумпираност. Најавија кривични пријави и побараа судската постапка да почне одново. Владата вели- одлуките ги носат правосудните органи...

Нема правда, нема мир! Ова е пораката од протестот за малиот Алмир пред Владата. Демонстрантите бараат повторно отворање на случајот, но не во Куманово. Мајката рече дека нејзиниот син нема да се врати, но другите деца мора да живеат на слобода. Се надева дека правдата ќе дојде.
Граѓаните кои беа на протестот побараат разрешување на јавниот обвинител и обвинителите кои работат на случајот. Велат дека треба да има одговорност од вештаците. Најавија и кривични пријави.
Освен од обвинителите, демонстрантите побараа одговорност и од Владата и од премиерот Заев, за како што рекоа, нереализираните, а најавени реформи во судството.
Од Владата велат, судските одлуки ги носат правосудните органи како независни институции. „Се залагаме за реформи во правосудството и за враќање на непристрасноста, независноста и владеењето на правото“, соопштија оттаму.
Протестот се одржа во знак на револт од преквалификацијата на кривичното дело за случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово.
Наташа Гркова- Петрушевска
