Косово: Солзавец во Собранието, седницата прекината
Премиерот Рамуш Харадинај претходно ги повика делегатите да гласаат за Договорот за демаркација на границата, за земјата да не биде и понатаму блокирана.

Собранието на Косово на двапати ја прекина седницата поради фрлање солзавец од страна на пратеници на „Самоопределување“ со цел да не се ратификува спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.
Премиерот Рамуш Харадинај претходно ги повика делегатите да гласаат за Договорот за демаркација на границата, за земјата да не биде и понатаму блокирана. Тој гарантираше дека ратификацијата на овој Закон не ја загрозува територијата на Косово и е во интерес на иднината на косовските граѓани.
Еврокомесарот Хан остро го осуди инцидентот и рече дека таквото однесување не е својствено на една земја во демократија.
