Дипломатија

Коѕијас пристигнува во Скопје

22.03.2018 08:32

Утре се средбите на Коѕијас со државниот врв. Коѕијас и Димитров е планирано да разговараат за позициите на двете страни, откако и Грција и Македонија си разменија нацрт- договори за решавање на прашањето за името...

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, доцна попладне ќе допатува во дводневна посета на Македонија, за првпат по 12 години со авион, директно од Атина.

Изработивме текст со нашите предлози во однос на отворените проблеми, но и за идната агенда на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни, изјави шефот на грчката дипломатија пред посетата на земјава.

И македонската Влада ѝ достави на Грција нацрт- спогодба. Премиерот Заев е оптимист дека ќе најде решение за спорот за името, ако притоа се води сметка за достоинството и за идентитетот.

Утре се средбите на Коѕијас со државниот врв.

Шефовите на дипломатиите на двете земји, на 30-ти март во Виена, на нова рунда разговори со медијаторот Нимиц.