Закерберг призна дека „Фејсбук“ згрешил

22.03.2018 10:33

Закерберг вети дека ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до информациите од моментот кога во 2014-та платформата беше сменета за да се ограничи пристапот до информациите на корисниците...

Основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг призна дека „Фејсбук“ направил грешки во случајот на аферата со „Кембриџ Аналитика“. Тој потврди дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата „Кембриџ Аналитика“ и „Фејсбук“.

Додаде и дека се случило кршење на довербата меѓу „Фејсбук“ и „луѓето што ги споделиле нивните податоци со социјалната мрежа“.

Закерберг вети дека ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до информациите од моментот кога во 2014-та платформата беше сменета за да се ограничи пристапот до информациите на корисниците, а најави и дека во иднина дополнително ќе се ограничи пристапот до корисничките информации.