Врховниот суд треба да донесе одлука за притворените за собраниските настани
22.03.2018 11:06
Според адвокатите на обвинетите, решенијата на Апелација се паушални, недоволно образложени и нема основи за влијание врз сведоци, поради тоа што истрагата е завршена.

Се чека одлуката на Врховниот суд, откако пред два дена на јавна седница беа разгледани жалбите на 15- темина обвинети за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
Беше побарано укинување на мерките притвор и куќен притвор, и изрекување поблаги казни. Според адвокатите на обвинетите, решенијата на Апелација се паушални, недоволно образложени и нема основи за влијание врз сведоци, поради тоа што истрагата е завршена.
Јавното обвинителство бара притвор поради опасност од бегство.
