Франција
Покренато обвинение против Саркози
22.03.2018 11:21
Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“.

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет во рамки на истрага за либиско финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007-ма година, објавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори.
Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“.
Поранешниот претседател на Франција и натаму е под судски надзор. Во рамките на оваа истрага го сослушуваа од службата за борба против корупција и финансиски и фискални прекршоци.
