Прилеп: Изложба на уметнички фотографии од млади автори

22.03.2018 11:32

По петти пат прилепскиот Фото- кино клуб ја отвори изложбата на уметнички фотографии која го носи името на покојниот истакнат прилепски автор „Јордан Зазоски- Зазо“. Овој пат, изложбата им е посветена на младите творци кои го усовршуваат занаетот за да раскажат оригинална фото-приказна...

Со изложбата на 60 уметнички фотографии од 45 автори, прилепскиот Фото- кино клуб ги претстави младите творци чија страст е преку објективот да ги доловат емоциите, луѓето, состојбите, природата, урбаното живеење. Да им дадат душа и да ги раскажат новите фото-приказни.

Традиционалната петта по ред, клубска изложба не случајно го носи името на еден од најталентираните прилепски фотографи, Јордан Зазоски- Зазо. Голем е интересот за уметничката фотографија.

Фото- кино клубот Прилеп е еден од најактивните и најнаградувани клубови во земјава со повеќе домашни и меѓународни претставувања. Младите автори добија и сертификати.

 

Елизабета Митреска