Велика Британија

Меј ќе бара поддршка од лидерите во ЕУ

22.03.2018 11:34

Според медиумите, барањето на Меј се очекува да наиде на одреден отпор од сојузниците на Русија во Унијата.

Британската премиерка Тереза Меј ќе бара од другите лидери во ЕУ да го поддржат Лондон во осудата на Русија за наводното труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен агенс.

Според медиумите, барањето на Меј се очекува да наиде на одреден отпор од сојузниците на Русија во Унијата.

Висок претставник во Лондон рече дека Британија не бара конфронтација или смена на режимот, но дека бара другите лидери во ЕУ да признаат дека Русија е стратегиски непријател, а не стратегиски партнер.