Груби: Пописот не пропадна, беше прекинат
Јавноста ја разбранува одлуката на СЈО да покрене истрага за неспроведувањето на статистичката операција во Македонија, за што осомничени се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател на ДУИ...

Одлуката да нема попис беше донесена од пратениците кои ја имаат добиено довербата од гласачите, вели Аратан Груби од ДУИ.
„Пописот не пропадна, туку е прекинат со одлука на Собранието на Република Македонија и со волјата на пратениците избрани од страна на народот, по предлог на Владата на Република Македонија. Пратениците изграсаа Закон за прекин на пописот во 2011-та година. Тоа е процесот, така се случи, тоа беше јавно направено пред очите на целата јавност во 2011-та година“, изјави Груби.
Јавноста ја разбранува одлуката на СЈО да покрене истрага за неспроведувањето на статистичката операција во Македонија, за што осомничени се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател на ДУИ за проневера на над 170 милиони денари.
