Пинк ќе настапи на 86-то издание на „Оскар“

24.02.2014 13:30

Славната Пинк ќе настапи на доделувањето на Оскар, а веста ја објави на Твитер.

Исто така, продуцентите на свеченоста Крег Задан и Неил Мерон потврдија дека свој настап на 86-то доделување на американската Академија на филмски уметности и науки ќе ја има и легендарната Бети Мидлер.

Во категоријата најдобра оригинална песна за престижната статуетка, номинирани се Ordinary Love  на групата U2 од филмот Mandela: Long Walk to Freedom, хитот Happy на Фарел Вилијамс од анимираниот долгометражно остварување Despicable Me2, The Moon Song од Карен О. од филмот Her, Идина Мензел со хитот Let it Go од Дизниевиот анимиран филм Снежно кралство и Alone Yet Not Alone која во истоимниот филм ја пее Џони Ериксон Тада.

Меѓу другите, на доделувањето кое ќе се одржи на 2 март во Холивуд, ќе настапат и U2, Фарел, Идина Мензел.