СДСМ: Транспарентност во трошењето на државните пари
Според партијата, се забележува разликата меѓу одговорното и транспарентното управување со финасиите од оваа Влада и расипничкото трошење на парите на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата предводена од СДСМ, самоиницијативно и на натранпсарентен начин ги става на увид и под лупа на јавноста трошоците на функционерите, велат од СДСМ.
Според партијата, се забележува разликата меѓу одговорното и транспарентното управување со финасиите од оваа Влада и расипничкото трошење на парите на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелната Влада во првите шест месеци од своето работење потрошила двојно помалку отколку Владата на Никола Груевски. Ова е само една од пакет мерките на одговорна власт, која работи транспарентно и отчетно и во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.
