СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати

22.03.2018 14:57

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001-ра година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници, велат од владејачката партија.

Од СДСМ реагираат- ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати. Никој не е над Уставот, Иванов има должност да потпише.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001-ра година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници, велат од владејачката партија.

Ниту Иванов, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над Уставот и нема да успеат да внесат нови поделби во општеството. Македонија избра да оди напред како едно општество за сите граѓани, стои во реакцијата од СДСМ.