Се намалува бројот на заболени од грип
22.03.2018 15:17
Оваа недела најголем број заболени лица, 227, се пријавени од подрачјето на Скопје, а најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години.

Во текот на изминатата недела во Република Македонија се регистрирани 1.304 заболени од грип, што е намалување за 31 отсто споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 1.980 заболени од грип, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Оваа недела најголем број заболени лица, 227, се пријавени од подрачјето на Скопје, а најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 22.404 случаи на грип, односно заболувања слични на грип. Регистрираниот број на случаи е помал за 36 отсто споредено со истиот период од минатата сезона.
