Кривична за поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство
Финансиската полиција го сомничи за злоупотреба на службената положба при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Кривична пријава за поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Финансиската полиција го сомничи за злоупотреба на службената положба при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.
Кузман во 2010 година преку тендер склучил договор со хрватска компанија која имала подружница во земјава за изведба на градежните работи. Во случајот е инволвиран и хрватски државјанин кој со цел нелегално да заработи доставил градежна книга со невистинити податоци, во која лажно прикажал дека биле купени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари.
Кузман иако имал обврска, не го раскинал договорот и со тоа го оштетил Буџетот на Управата за заштита на културното наследство.
