Земјоделците бараат законски измени за формирање задруги

22.03.2018 16:21

Со речиси 2 милиони евра ќе се подобрува пазарната конкурентност за земјоделците. Се бараат законски измени за формирање задруги. Проектот е финансиран од Европската унија...

Земјоделците бараат измени во Законот за персонален данок за задругите и за задружна ревизија. Асоцијацијата вели дека ова се дел од причините за слабиот интерес за формирање задруги, за кои сметаат дека се најдобриот модел за економски бенефит и рурален развој.

Од декември почнува проект за земјоделски задруги, финансиран од ИПА програмата, вреден речиси 2 милиона евра. Целта е поттикнување на задругарството и зголемување на конкурентноста.

Преку проектот ќе биде обезбедена техничка и финансиска помош за развој на 8 постојни и за создавање 13 нови земјоделски задруги. Досега се формирани 39.

 

Дијана Ценевска