Коѕијас во Скопје на разговори за името

23.03.2018 08:59

Коѕијас најпрво ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тие ќе имаат тет а тет средба, а потоа следуваат пленарни разговори меѓу двете делегации.

Позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името ќе бидат тема на средбите, кои шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска ќе ги има со македонскиот државен врв.

Коѕијас најпрво ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тие ќе имаат тет а тет средба, а потоа следуваат пленарни разговори меѓу двете делегации.

Двајцата министри, потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Се очекува, како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас да бидат во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на мерките за градење доверба.

За време на престојот во Македонија Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.