Поедноставни постапки за инвестирање во чиста енергија
Скратени процедури и намалени трошоци за мрежарина. Ќе се олесни инвестирањето на приватните компании во обновливи извори на енергија. Работна група составена од сите засегнати страни излегла со листа предлози чија реализација треба да го скрати бројот на чекори и да ја олесни постапката за инвестирање во чиста енергија.Времето за приклучување кон мрежата на ЕВН се скратува, а вкупните трошоци многу се намалуваат.

Нерешените имотно-правни односи беа основната причина инвеститорите најчесто да го пречекоруваат предвидениот рок за градење од 3 години. Подобрувањата во регулативата ќе овозможат кратење на рокот за третина.
„Наша идеја е не само да се почитува овој рок од три години, туку со промените во постапките овој рок да се намали за дополнителни 6 до 12 месеци“, вели Дарко Јаневски, од Проектот за чиста енергија на УСАИД.
Од петте досега реализирани тендери, на мрежа се приклучени 27 мали хидро централи кои лани испорачале 29 милиони киловат часови струја, додека 34 –те фотоволтаици го збогатилеенергетскиот биланс скоро за 9 милиони киловати.
Свето Николовски