Коѕијас и Димитров ги почнаа разговорите за името
По едночасовната тет-а-тет средба планирана е пленарна седница на двете делегации, а потоа и прес- конференција. Како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе бидат во контекст на напорите за надминување на разликата за името, како и на други билатерални прашања од заеднички интерес, со акцент на спроведувањата на мерките за градење доверба.

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Изутрината пред македонското МНР го пречека неговиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
По едночасовната тет-а-тет средба планирана е пленарна седница на двете делегации, а потоа и прес- конференција. Како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе бидат во контекст на напорите за надминување на разликата за името, како и на други билатерални прашања од заеднички интерес, со акцент на спроведувањата на мерките за градење доверба.
Пред македонското МНР протестираат група граѓани, кои се противат на посетата на Коѕијас и дијалогот со јужниот сосед околу разликите за името.
Напладне премиерот Зоран Заев ќе го прими Коѕијас, а претходно вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Планирани се средби на Коѕијас и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети, како и со спикерот Талат Џафери.
Шефот на грчката дипломатија пристигна вчера со владин авион на скопскиот аеродром, во прва посета на земјава по неговото преименување во „Меѓународен аеродром Скопје“, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.
Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на македонски аеродром.
