Одложено судењето за случајот „Тортура“

23.03.2018 11:01

Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното рочиште.

Судењето за  предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7-ми мај бидејќи на денешното рочиште не дојде поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет. Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното  рочиште.

Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, ден по предвремените парламентарни избори во 2011- та.