САД: Џон Болтон е нов советник за национална безбедност

23.03.2018 11:10

69-годишниот Болтон, кој заговараше употреба на воена сила против Иран и Северна Кореја, е приврзаник на построг пристап кон Русија.

Поранешниот американски амбасадор во Обединетите нации, Џон Болтон е нов советник за национална безбедност на САД. Одлуката за наследникот на Херберт Мекмастер ја објави претседателот Трамп на Твитер.

69-годишниот Болтон, кој заговараше употреба на воена сила против Иран и Северна Кореја, е приврзаник на построг пристап кон Русија.

За 14 месеци, тој е третиот советник за национална безбедност на Трамп.