Каталонија: Пратениците не избраа претседател на Владата

23.03.2018 11:49

Ако и во вториот круг в сабота не добие поддршка, ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина. За негово именување се потребни 68 гласа од вкупно 135.

Каталонскиот заговорник за независност Жорди Турул  не беше избран за претседател на владата на Каталонија. Ако и во вториот круг в сабота не добие поддршка, ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина. За негово именување се потребни 68 гласа од вкупно 135.

Турул е кандидат на Заедно за Каталонија и Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), откако минатата недела пропадна нивниот обид за именување на Карлес Пуџдемон и Жорди Санчез, обвинети за бунт против Шпанија.