Димитров- Коѕијас: Решение за името кое нема никого да понижи и ќе ги отвори вратите на иднината

23.03.2018 12:45

Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Оствари средба со министерот Димитров. Треба да најдеме решение кое што нема никого да понижи и ќе ги отвори вратите на иднината, рече Димитров на прес- конференцијата. Должни сме да ги решиме проблемите, и тоа ќе го помогне пријателството меѓу двата народа, возврати грчкиот минстер Коѕијас...

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е во официјална посета на Република Македонија. Претпладнево имаше едночасовна средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Треба да најдеме решение кое што нема никого да понижи и ќе ги отвори вратите на иднината, рече Димитров на прес- конференцијата. Должни сме да ги решиме проблемите, и тоа ќе го помогне пријателството меѓу двата народа, возврати грчкиот минстер Коѕијас.

„Тешко ми е на својот народ да му кажам, бидејќи ние сме народ под тоа име, иако мислам дека идентитетски различни работи разбираме кога ќе се каже Македонија во Грција и кога ќе се каже Македонија во Република Македонија. Не може да се каже дека сложено име со некаква одреднца која што го содржи зборот Македонија, малку е тешко да се аргументира дека тоа е- ако имаме еден збор“- изјави министерот за надворешни. Димитров.

Шефот на грчката дипломатија на прашањето зошто Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, рече дека според праксата на европските уставни судови, националните устави се над европското и меѓународното право.

„И во Грција правиме уставни промени, тоа не е ништо страшно. Законите, уставите, менталитетите со текот на времето се менуваат. Како што имам и кажано, две главни и пет помали промени има направено тука земјата, не сакам да навлегувам сега во тоа прашање. Морална промена е таа што ќе ги задоволи и двете страни“, рече грчкиот шеф на дипломатијата, Коѕијас.

Тој потенцира дека верува во чесни преговори од кои во иднина и двете страни ќе добијат и двете страни ќе имаат придобивки, без победници или губтиници, Грција посакува компромис, додаде Коѕијас.