ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција
23.03.2018 12:55
Според партијата, јавноста е вџашена од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада, за која не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка...

Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а детали добива преку странските медиуми, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, јавноста е вџашена од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада, за која не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка, и на крајот, во чие име е испратена, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
