САД и Кина пред трговска војна

23.03.2018 13:08

Двете најголеми светски економии пред трговска војна. Кина најави контра давачки за американскиот увоз, откако Вашингтон се закани со царински тарифи за кинеските челични и алуминиумски производи. Светските берзи во неизвесност поради најновите тензии на релација Вашингтон- Пекинг.

Кина најави царина за американскиот увоз во вредност од три милијарди долари, како контрамерка на Вашингтон за царините за челикот и алуминиумот. 128 американски производи во две групи ќе се тарифираат со по 15 или 25 проценти. Кина е 11-ти најголем извозник на челик во САД, а лани беше третиот најголем пазар за американскиот извоз и еден од најголемите купувачи на нејзината пченка, свинско месо и воздухоплови.

Кина потенцираше дека не сака трговска војна, туку конструктивен дијалог со Трамп. Односот меѓу двете земји е дестабилизиран и ќе предизвика проблем и на домашен терен во административниот процес. Некои компании се загрижени дека национализмот на Кина може да разбранува антиамериканско расположение“, изјави Џејкоб Паркер, Бизнис совет на САД- Кина.

Конкуренцијата меѓу двете земји постои одамна. Трамп е бизнисмен, за него е нормално да коментира и критикува одредени одредби, тој има свои интереси.

Новите тарифи од Вашингтон следуваат по нстрагата на кинеските политики која беше извршена по наредба на Белата куќа, при што се откриени, како што велат, бројни неправедни практики. Претседателот Трамп воведе трговски мерки п поради преголемиот дефицит со Кина и ја обвини и за кражба на интелектуална сопственост.

Зборувам за тарифи и казни од околу 60 милијарди долари. Но тоа е само мал дел од планираното. Зборував со кинеските претставници, и со нивниот претседател, и побарав итно да се намали трговскиот дефицит за 100 милијарди долари. Овие работи требаше да бидат направени одамна“, рече претседателот Трамп.

Најголемите губитници во војната меѓу економските велесили ќе бидат потрошувачите, зашто со тарифите ќе страдаат клучните сектори во американската економија, како што се земјоделството и воздухопловната индустрија.

 

Маја Филдишев