Метео: Од понеделник постепено затоплување
23.03.2018 15:13
Во недела и натаму се очекуваат врнежи од дожд, а ќе почне да дува и засилен ветер од југоисточен правец што ќе услови благ пораст на дневните температури.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, утре со повремен слаб снег, а во југоисточните региони врнежите ќе бидат претежно од дожд.
Во недела и натаму се очекуваат врнежи од дожд, а ќе почне да дува и засилен ветер од југоисточен правец што ќе услови благ пораст на дневните температури.
Од понеделник следува период на постепено затоплување на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
