Франција повторно мета на тероризам

23.03.2018 15:21

Сакал да ги прегази со автомобил, па стрелал во нив. Утринскиот џогинг на полицајци во Франција се претворил во хорор. Заложничка драма во супермаркет во близина до местото на првиот напад...

Франција повторно е жртва на терористички напад. Изутринава околу десет часот и триесет минути во Каракасон, едно лице најпрво се обиде со автомобил да нападне четворица припадници на полицијата кои биле на утрински џогинг, а потоа стрелал врз нив, при што ранил еден од полицајците во пределот на рамото, пред да побегне.

Повредениот полицеаец по пружената помош од своите колеги е префрлен во болница. Петнаесет минути подоцна на паркиногот на супермаркетот во Требес, на петнаесет минути од местото каде се случи нападот врз полицијата е пронајден автомобилот на напаѓачот, истовремено беше пријавено дека внатре во супермаркетот се случува заложничка драма.

Според последните вести на француските медиуми, потврдена од министерството за внатрешни работи две лица го загубиле животот во терористичкиот напад и три се ранети од кои едно потешко. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен.

На лице место пристигнаа набрзо бројни полициски сили, а од Тулуз пристигнаа и специјалните сили за интервенција, подготвувајќи ја акцијата за интервенција.

Според првите елементи од истрагата, напаѓачот влегувајќи извикувал „Алах Акбар“ вооружен со ножеви, пиштоли и гранати. Напаѓачот забаракадиран во супермаркет тврди дека ѝ припаѓа на терористичка група Исламската држава, ова според обвинителот Каркасон кој му ја препушти истрагата на на антитерористичкото обвинителство од Париз .

Според премиерот Едуар Филип, сѐ укажува на тоа дека нападот е чин на тероризам.

„Обвинителството, поточно антитерористичкиот оддел го води случајот, сите информации со кои располагаме во моментов кога ви зборувам, зборуваат дека станува збор за терористички напад“- изјави францускиот прмиер Филип.

Според француските медиуми, ако се потврди идентитетот на напаѓачот, тој ѝ е познат на полицијата како радикализиран исламист, бил следен од полиицијата поради неговата радикализација, кој е само еден од 15 до 16.000 лица кои се наоѓаат во полициските досиеа во Франција како радикализирани.

Филип Едуард jа скрати неговата посета на Музлуз и се врати во Париз за да ја следи ситуацијата, додека министерот за внатрешни работи, Жерард Коломб веќе е во Терб. Операцијата на силите на редот е во тек.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ