Зелени технологии

Регионални депонии: Проекти има, недостига реализација

23.03.2018 15:54

Проекти за регионални депонии има, недостига реализацијата. Општините нерешителни, власта објаснува, со 40- те милиони евра од „ТАВ“ ќе се финансираат проектите. Предвидуваат да се инсталира опрема за произведство на биогас и гориво за индустриски потреби...

Од отпад до енергија. Европските држави напредуваат во зелени технологии, Македонија сѐ уште на прагот. Проекти и пари за регионални депонии има, реализацијата со години ги чека договорите за локација мегу локалните власти, граѓаните го носат товарот од загаденоста. По анализите експертите убедуваат- просекот и составот на отпадот е ист како во развиените земји, потребен е добар пристап- депониите не се само обично место за фрлање ѓубре.

Се надеваме дека во фазата на воспоставување на депониите ќе најдеме добри партнери и во Владата, општините и заинтересираните компании и ќе можеме да поставиме зелени технологии, наместо обични депонии. Граѓаните да разберат дека тоа се зелени оази во кои се создава енергија, а не се фрла ѓубре“, вели Даме Димитровски, професор на Машински факултет.

Во Македонија, само 18 проценти од домаќинствата имаат пристап до канализациска мрежа, Владата охрабрува, со 40-те милиои евра од ТАВ што беа неменети за карго аеродром до крајот на годината ќе се операционализираат во пречистителни станици и депонии. Со јавно приватно партнерство и пари од ИПА, наместо на локално со отпадот ќе се управува на регионално ниво.

„Ќе се детериминираат локации каде што ќе бидат поставени регионални депонии, ќе се инсталира опрема којашто, пред сѐ, ќе прави селекција, а потоа и преработка до крајни производи. Тој процес беше застанат поради несогласувања помеѓу градоначалниците во одередени плански региони и тој проблем е надминат“, посочува Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Техничкиот дел е едноставен, депониите не се крајно решение, да се подигне свеста на работење и селекција со отпадот во МАкедонија- сугерираат странските експерти.

„Техничкиот дел за отворање и управување на депоните е полесниот дел, ќе треба да се вложат напори за развивање на свеста на граѓаните дека постојат и зелени депонии. Но, тие не се крајно решение за управување со отпадот. Потребно да поставиме примарна и секундарна селекција“, вели Џабер Занбак, Балканска асоцијација за животна средина.

По теркот на развиените земји, Владата убедува дека наскоро и во Македонија, отпадот ќе се селектира, ќе се произведува био гас и гориво за индустриски потреби.

Сузана Фиданска- Стоевска