Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27-ми април

26.03.2018 08:47

Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува брза одлука, вели претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски.

Денеска се очекува Врховниот суд да ги објави одлуките за жалбите на 13-темина осомничени за собраниските настани од 27-ми април, кои се во притвор. Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува брза одлука, вели претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски.

Адвокатите на осомничените сметаат дека нема основа за продолжување на притворите. Врховните судии треба да одлучат, дали Истражниот затвор- Скопје ќе го напуштат пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и ексминистерот за внатрешни Митко Чавков.

Во меѓувреме, обвинителството го пишува обвинението за 35-темина осомничени за едно исто кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.