Варна

Самит Европска унија- Турција

26.03.2018 11:34

Домаќин е премиерот Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а ќе учествуваат претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан- Клод Јункер и турскиот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Во бугарскиот град Варна, вечер ќе се одржи самит ЕУ- Турција, посветен на билатералните односи и соработката. Домаќин е премиерот Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а ќе учествуваат претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан- Клод Јункер и турскиот  шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Се очекува на средбата да стане збор за можностите за унапредување на меѓусебните односи врз основа на взаемно почитување и заеднички интереси. Средбата се случува во време на зголемени тензии меѓу ЕУ и Турција во врска со спроведувањето на договорот за спречување на мигрантскиот прилив кон Европа.

Брисел ја обвинува Анкара за непочитување на демократските права, особено по обидот за воен удар во јули 2016-та.