Филхармонија одбележува 100 години од раѓањето на Бернштајн
Под диригентство на врвниот маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе бидат изведени две дела од неговиот богат опус - симфониската свита „На брегот“ и Три танцови епизоди од мјузиклот „Во градот“.

Овој четврток Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Бернштајн 100“, со кој ќе се одбележи сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн.
Под диригентство на врвниот маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе бидат изведени две дела од неговиот богат опус - симфониската свита „На брегот“ и Три танцови епизоди од мјузиклот „Во градот“.
Солист на концертоте еден од најголемите виртуози денес, германско-францускиот виолончелист Николас Алтштед, кој за првпат во Македонија ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од англискиот композитор Вилијам Волтон.
Композиторот, диригентот и пијанистот Леонард Бернштајн (1918-1990) е еден од првите американски диригенти кој постигнал светска слава. Добитник е на повеќе „Еми“ награди и се смета за една од највлијателните личности во историјата на американската класична музика.
