ВМРО-ДПМНЕ: Единствена цел на СДСМ е да остане на власт

26.03.2018 12:14

Според опозициската партија, СДСМ не прашува ниту за цена, ниту за последици кога се работи за партиските интереси. Законот за двојазичност кој е резултат на класична уцена на корупмирани политичари е донесен спротивно на сите процедури и целосно е неприменлив и штетен.

Единствена цел на СДСМ не е просперитетот на државата и заштитата на националните интереси, туку, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа лепена коалиција да остане на власт.

Според опозициската партија, СДСМ не прашува ниту за цена, ниту за последици кога се работи за партиските интереси. Законот за двојазичност кој е резултат на класична уцена на корупмирани политичари е донесен спротивно на сите процедури и целосно е неприменлив и штетен.

Оние што први ја препознаа единствената цел на СДСМ, доаѓањето на власт по цена и на жртвување на националните интереси, беа првите кои се најдоа во притвор. Правдата ќе се врати, а тогаш сите оние кои постапувале политички, а не по словото на Законот и Уставот, ќе сносат одговорност.