Почнуваат разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство

26.03.2018 12:46

Заев неодамна изјави дека е отворен за дијалог со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ...

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ги почнува разговорите со другите политички партии за зголемување на парламентарното мнозинство. Неодамна изјави дека е отворен за дијалог со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Разговор со најголемата опозициска партија е можен за реформските закони, за кои во Собранието е потребно двотретинско мнозинство. Со ДУИ треба да се усогласи персоналното решение за министерската фотелја во правда, по оставката на Билен Саљији.

Од Владата сѐ уште не откриваат кои министри ќе бидат опфатени со реконструкцијата, што ја најави премиерот Заев.